Ivanoski.Tech

Веб девелопмент / 2019-

Проблем

Креирање на едноставен кориснички интерфејс за купување на веб хостинг услуги и конфигуирање на истите. Автоматско менување на хостинг пакети и нивно одржуивање без потреба за асистенција од техничка служба. 

Целосна автоматизација на процесот за плаќање и промена на веке постоечките пакети од корисниците. Лесно и едноставно менаџирање со исите. Достапност во секое време и со геолокација во Македонија.

Безбедноста и изолација на серверски ресурси и кориснички информации, на ново изградена и оптимизирана инфраструктура претежно за WordPress решенија.

КЛИЕНТ:

Ivanoski.Tech

РЕШЕНИЕ:

WordPress, Node.js, Python, API

ЛИНК ОД ПРОЕКТОТ:

Решение

Користење на WordPress за изглед и функционалност на самата страница од хостингот.

Node.js е искористен за логиката и контролата на плаќањето, креирањето сервери и менаџирање на истите преку веќе достапни API calls кои ги контролираат серверите во позадина.  

Заштита на податоците од клиентите преку високи стандарди за криптирање и хеширање на информациите. 

Автоматизација на backup сервери за доколку има проблем некој од серверите истиот да се мултиплицира содржината на друга машина се додека не се поправи проблемот со серверот.

Краен продукт

Краен продукт е веб софтвер кој е доста едноставен за користење и позади кој има одлична инфраструктура да ги поддржи барањата на своите клиенти. Целосно автоматизиран со план во иднина да има компјутерско учење да истиот решава проблеми од веќе позната комплексност.

Целата логика и автоматизација за хостингот е искодирана и креирана од нула според светски стандарди за да се исполни неговата сигурност и да се одбегнат речиси сите проблеми.

Со самата контролна на софтверот и негвиот процес на креирање ни дозволува флексибилност и неограничен раст на истиот, негово менување и усовршување.

Страницата која моментално ја гледате е хостирана на инфраструктура од ivanoski.tech и брзината на истата може сама за себе да говори.

 

IvanoskiTech_POC_01
IvanoskiTech_POC_02